ВИДЕО: Се појави снимка како ракета го погодува украинскот патнички авион

Од:

Американскиот „Њујорк тајмс“ објави снимка на која наводно се гледа моментот кога украинскиот авион е погоден со ракета во близина на аеродромот во Техеран.

На снимката се гледа помала експлозија на авионот, после која го продолжува летот уште неколку минути и се врти кон аеродромот.

Западните медиуми пишуваат дека иранската ракета е истрелана по грешка, а слични сомневања изрази и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Украинскиот авион кој се урна недалеку од Техеран, го погоди ракета од руско производство „тор-М1“, објави претходно американскиот неделник „Нјузвик“, повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон, како и на ирачката и американската разузнавачка служба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски