ВИДЕО: Се извлекуваат преживеаните по лизгање на земјиште во Италија, жена загина, 10 се водат за исчезнати

Од:

Една жена загина, а по десет лица се трага по лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови на јужниот италијански остров Искија, изјави локален претставник.

Силни поројни дождови го погодија пристаништето Казамичиола Терме, еден од шесте градови на островот, рано во саботата, предизвикувајќи поплави и уривање на згради.

„Потврдена е смртта на едно лице, една жена. Пронајдени се осум исчезнати лица, меѓу кои и едно дете, а судбината на десет лица се уште не е позната“, изјави префектот на Неапол, Клаудио Паломба на прес-конференција.

Малку порано, вицепремиерот и министер за инфраструктура, Матео Салвини, исто така лидер на антиимигрантската партија Лига, им изјави на новинарите во Милано дека осум лица загинале во лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови, што подоцна беше демантирано од министерот за внатрешни работи, Матео Пјантедоси.

Седумдесет пожарникари работат на островот на 30 километри од Неапол за да ги извлечат жителите од оштетените згради и да ги пронајдат исчезнатите лица, објави противпожарната бригада на Твитер.

Снимките покажуваат густа кал, остатоци и карпи во Казамичиола Терме. Неколку автомобили биле потопени долж брегот и очигледно невремето ги однело во морето.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши