ВИДЕО: Се истражува мотивот за синоќешниот напад во Хамбург

Од:

Во синоќешниот напад на црквата на Јеховините сведоци во Хамбург загинаа најмалку шест лица, а еден млад човек е убеден дека го снимил напаѓачот како влегува во зградата. Грегор Мисбах, кој живее во близина на зградата каде што се случи масакрот, го слушнал истрелот, по што снимил лице како влегува во зградата преку прозорец.

Потоа, како што вели, се слушнале истрели од внатрешноста на зградата.

Мисбах за германските медиуми изјави дека слушнал најмалку 25 истрели.

Откако пристигнала полицијата, пет минути подоцна дошло до последниот истрел, вели младиот човек.

Во овој момент не е јасно дали напаѓачот е во бегство, ниту пак неговото тело го пронашле внатре во зградата.

Од полицијата најавија дека денеска во текот на денот ќе одржат прес-конференција на која ќе изнесат повеќе детали.

Засега не е познат мотивот за нападот.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени