ВИДЕО: Се бараат преживеани по свлечиштето во Италија, заробени семејства чекаат помош

Од:

На италијанскиот остров Искија се уште се трага по десетина исчезнати лица во лизгање на земјиштето во кое загина едно лице и за кое владата ќе се состане во текот на денот.

Свлечиште од кал и остатоци предизвикани од обилните дождови го погоди малото гратче Казамичиола Терме на северот од островот во близина на Неапол во саботата наутро.

Спасувачките екипи пронајдоа тело на жена, соопшти префектот на Неапол, Клаудио Паломба. Жената е идентификувана, имала 31 година, соопшти агенцијата АГИ. Според италијанскиот печат, во одронот се повредени тринаесет лица.

Некои луѓе кои првично беа пријавени како исчезнати на крајот беа пронајдени, вклучително и семејство со новороденче, рече префектот. Но ништо не се знае за десетина лица.

„Се плашиме дека има повеќе жртви, но засега бројката е таква“, потврдил портпаролот на противпожарната служба Лука Цари.

Потрагата ја отежнува постојаниот дожд и силниот ветер, што го одложи траектот кој донесе помош од копното.

Поради лизгање на земјиштето, калта ги прекри улиците, урна дрвја, носејќи автомобили сè до морето. Се урна и една куќа, а две лица се спасени од автомобил кој бил исфрлен кон морето, соопштија пожарникарите.

Најмалку триесетина семејства не можат да ги напуштат домовите поради калта, каде што останаа без вода и струја, потврди новинската агенција АНСА, наведувајќи дека патот што води до таа населба е преплавен со кал и шут.

Спасувачките служби предвидоа евакуација на меѓу 150 и 200 луѓе во текот на ноќта од сабота до недела, а локалните власти ги повикаа жителите на островот да останат дома.

„Спасувачките операции се уште се комплицирани поради метеоролошките услови“, соопштија од Одделот за цивилна заштита, но потрагата продолжила во текот на ноќта благодарение на рефлекторите.

Премиерката Џорџија Мелони, која во твит напиша дека ја следи операцијата за потрага по исчезнатите, во недела треба да одржи вонредна владина седница посветена на кризата.

Казамичиола Терме, туристички град со 8.000 жители на островот Искија, во близина на Капри, беше погоден од земјотрес во 2017 година во кој загинаа две лица, а разорен земјотрес исто така го погоди градот на крајот на 19 век.

Катастрофата во саботата дојде неколку недели откако 11 лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во централна и источна Италија.

Би можело да ве интересира

Уапсен убиец поврзан со Ндрангета, беше во бегство 16 години, последните три бил пица мајстор

Катерина Павлова-Николовска

Италијанската премиерка Мелони во посета на Либија

Ана Ололовска

Италијанската полиција уапси 56 припадници на мафијашкиот клан „Ндрангета“ и заплени 250 милиони евра

А1он

Трагедија во Рим, новороденче се задуши под неговата мајка

Горан Наумовски

Апсење во Италија во врска со корупцискиот скандал во Европскиот парламент

А1он

Мафијашкиот „дон“ Матео Месина Денаро е префрлен во затвор со со максимална сигурност

Ана Ололовска