ВИДЕО: Руските сили напднаа цивилен конвој во Запорожје, најмалку 23 мртви

Од:

Утринава руските сили истрелаа ракети врз цивилен конвој автомобили и комбиња во близина на градот Запорожје, соопшти Олександр Стријук, украински гувернер на областа Запорожје. Станува збор за конвој цивили кои со автомобил тргнале да ги земат своите роднини од територијата под руска окупација.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат вознемирувачки сцени со мртви и ранети како лежат на патот.

На една снимка направена од блиската зграда, се слуша женски глас кој низ солзи вели: „Таму лежат мртви луѓе“.

На останатите фотографии се гледа барем еден кратер, а јасно се гледаат и оштетувањата на автомобилите.

„Непријателот нападна цивилен конвој. Луѓето беа во конвој кој требаше да се упати кон окупираната територија за да ги земе роднините и да достави помош. Има мртви и ранети, а итната помош е на терен. Стријук се огласи на Телеграм, а потоа уште еднаш објави и го пријави бројот на загинати и ранети.

„Во моментов знаеме за 23 мртви и 28 ранети. Сите цивили, наши сограѓани. Горете во пеколот, проклети расисти (комбинација од зборовите Руси и фашисти што ги користат Украинците, оп.а.)“, објави тој на Телеграм.

Кирил Тимошенко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави повеќе детали за масакрот на Телеграм:

„Теророт продолжува, убиствата продолжуваат. Тие лансираа 16 ракети С-300. Четири паднаа во близина на продавницата за автоделови каде што се собираше конвојот“, напиша Тимошенко.

„Луѓето го напуштаат Запорожје секој ден за да им помогнат на своите роднини (на окупираната територија) и им доставуваат лекови, а потоа се враќаат“, објави на Телеграм градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров.

„Засега е невозможно да се изброи бројот на загинати и ранети“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“