На социјалните мрежи се шири видео од руски војник кој се жали на тешките услови во битката за Авдивка. Видеото го сподели Антон Герашченко, украинскиот советник за внатрешни работи, на својот X профил, а досега е прегледано 330.000 пати.
Неименуван војник кој бил снимен во ров во близина на Авдивка, градот каде се водат најтешките битки, изјавил дека руските сили се обидуваат да ги опколат украинските војници во правец на градот, но дека „операцијата имала висока цена.
Avdiivka
“75 of us came here. And now there are f..cking 14 of us here left. The rest are all 200s [dead] and 300s [wounded]. … They were simply destroying us. Just destroying us,” Russian stormtrooper on Avdiivka direction has shown his position.“We survived because we have… pic.twitter.com/3YDINVtLtX
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 10, 2023
„75 дојдовме овде, а сега останавме 14. Останатите се мртви и ранети“, рече војникот. „Погледнете што се случува овде. Тие не уништија. Само не уништија“, додаде тој, мислејќи на украинските војници.
Тој рече дека ги извлекува телата на своите соборци од бојното поле, но ги има толку многу што не можел да ги извлече сите. „Преживеавме затоа што имаме високо развиен инстинкт за самоодржување“, рече тој. „Ќе преживееме, ќе бидеме безбедни, се надевам дека наскоро ќе одиме на одмор“, рече тој пред да се слушне звукот оган.