ВИДЕО: Руски специјалци разбиваат терористичка група во Татарстан

Од:

Оперативци на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) вчера во градот Казан, во Татарстан, разбиле терористичка група на организацијата „Хизб ут Тахрир ел Ислами“ (Партија на исламското ослободување), соопшти прес-службата на ФСБ.

„Во градот Казан, задушена е активноста на ќелијата на меѓународната терористичка организација „Хизб ут Тахрир ел Ислами“. Уапсени се петмина нејзини членови против кои ќе биде покрената кривична постапка,“ се наведува во соопштението.

Од ФСБ соопштија и дека уапсените радикални исламисти имале намера да придонесат кон создавањето на „светски калифат“, а активностите им биле насочени кон насилно уривање на актуелната власт.

Во домовите на уапсените е пронајдено и запленето големо количество пропаганден материјал на терористичката организација, мобилни телефони и УСБ-стикови, соопшти ФЦБ.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он