ВИДЕО: Руски авиони ловци пресретнаа американски авион

Од:

Два руски авиона Су-35 пресретнаа воени авиони на американската морнаричка патрола над Средоземно Море, соопшти американската Шеста флота.

– Третпат за два месеца, руски пилоти вчера летаа на небезбеден и непрофесионален начин за време на пресретнувањето на авионот Посејдон П-8А на поморската патрола на американската морнарица на Шестата флота, се наведува во соопштението.

Пресретнувањето било небезбедно и непрофесионално поради тоа што руските пилоти симултано се приближиле до крилата на авионот П-8А, со што го ограничиле безбедното маневрирање на авионот.

Пентагон на 15 април пријави дека руски авион Су-35 пресретнал американски авион Посејдон П-8А над Медитеранот. Американската морнарица и тогаш наведе дека пресретнувањето било небезбедно.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Спектакуларно бегство на затворен од САД

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел