Руската државна телевизија го прекина говорот на претседателот Владимир Путин во сред реченица додека тој денеска се обраќаше пред десетици илјади приврзаници на главниот фудбалски стадион во Москва.
Transmission of Putin’s speech suddenly cuts. Funny business with Russian TV. Kremlin can’t help itself. pic.twitter.com/VrT9SMOonO
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) March 18, 2022
Додека Путин се обраќаше на насобраниот народ, државната телевизија емитуваше кадар со патриотска музика.
На Путин му беше скратена реченицата додека велеше: „Почетокот на операцијата случајно се совпадна со роденденот на една наша извонредна војска“ …
Руската државна телевизија е строго контролирана и таквите прекини се крајно невообичаени, нагласуваат западни медиуми.
Путин зборуваше на настан за поддршка на руската армија во Украина и за одбележување на анексијата на полуостровот Крим во 2014 година.
Извор: МИА