(ВИДЕО) Русите ракетираа болница: Има жртви, повредени и деца

Од:

Русија денеска истрела ракети врз болница во источниот украински град Днипро, објави регионалниот гувернер Серхи Лисак. „Ракетни напади на Днепро. „Руски“ копилиња нападнаа болничка установа. Има жртви“, напиша тој на апликацијата Телеграм, користејќи погрдно име што ги комбинира зборовите „Руси“ и „фашисти“. Украинските медиуми јавуваат и дека има жртви. Зеленски соопшти дека едно лице загинало, а 15 се повредени.

Претходно Украина објави дека соборила околу 10 ракети и 20 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта во Киев, Днипро и источните региони. Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски соопшти дека во околината на Харков избувнал пожар откако двапати бил погоден магацин за нафта.

Русија ги засили своите воздушни напади против Украина овој месец, главно насочени кон логистички и инфраструктурни цели пред очекуваната украинска контраофанзива, пишува Ројтерс.

Украинските воздухопловни сили тврдат дека собориле 10 проектили истрелани од Каспиското Езеро, 23 беспилотни летала Шахед од иранско производство и два извидувачки беспилотни летала. Вкупно, соопштија Украинците, во нападот што започна во четвртокот во 22 часот по локално време и траеше до 5 часот наутро во петокот, беа лансирани 17 ракети и 31 беспилотно летало.

Би можело да ве интересира

Во секој момент знаеме каде се Путин и Пригожин тврди украинското разузнавање

Русија издаде налози за апсење на двајцата главни украински генерали

ВИДЕО: Путин ја обвини Украина за тероризам и се закани со одмазда

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Шефот на Вагнер го нападна Министерството за одбрана: Смрдливи бедници, што правите ?

Песков: Путин бил информиран за нападот

Ана Ололовска

Руски пратеник: Ова е најсериозниот напад врз Москва од Втората светска војна

Ана Ололовска