ВИДЕО: Руските сили нападнале повеќе цели со дронови камикази

Од:

Украина соопшти дека најмалку едно лице загинало откако руските сили денеска нападнале повеќе цели со „камикази беспилотни летала“ во областите Киев и Одеса.

Руските сили денеска повторија напади со „камикази беспилотни летала“ набавени во Иран врз цели во украинскиот регион Киев и јужна Одеса, при што според украинските власти загинало најмалку едно лице, пренесува Си-Ен-Ен.

Руски беспилотни летала камикази „Шахед 136“, кои беа купени од Иран пред еден месец, ноќта меѓу вторникот и средата извршија напад врз градот Бела Црква во регионот на Киев.

„Имаше повторена серија напади со беспилотни летала камикази врз инфраструктурата на Белата црква. Пожар избувна на инфраструктурни објекти. Има една жртва“, објави на Телеграм Олексеј Кулеба, шеф на администрацијата на регионот Киев.

Тој додаде дека екипите на итната помош реагирале и побарале од сите жители на Киев „да останат во своите засолништа“.

„Опасноста е сè уште присутна“, предупреди Кулеба, додека во регионот се огласија сирените за воздушен напад.

Кирило Тимошенко, заменик началникот на кабинетот на претседателот на Украина, објави дека руските сили извршиле напад и врз јужниот пристанишен град Одеса со беспилотни летала Шахед-136.

Во објава на својот профил на Телеграм, Тимошенко рече дека украинските сили за противвоздушна одбрана успеале да „откријат и уништат непријателски дрон над морето“.

Видеата објавени на социјалните мрежи денес покажуваат оган и облаци од чад на ноќното небо по нападот на Белата црква јужно од Киев, соопшти Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека не може самостојно да ги потврди овие објави.

Би можело да ве интересира

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам