ВИДЕО: Русија првпат од почетокот на војната одржа заеднички воени вежби со Кина

Од:

Русија и Кина ги одржаа првите заеднички воени вежби откако рускиот претседател Владимир Путин нареди напад врз Украина пред три месеци, пишува Њујорк Тајмс.

Висок американски функционер изјави дека американската влада ја следи заедничката руско-кинеска воена вежба во североисточна Азија што се одржуваше и додека американскиот претседател Џо Бајден се сретна со лидерите на Јапонија, Австралија и Индија во Токио.

Официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека Русија и Кина испратиле бомбардери преку Јапонското Море, по што авионите продолжиле кон Источното Кинеско Море.

Јужнокорејските власти потврдија дека два кинески воени авиони и четири руски воени авиони влегле во зоната за идентификација на нивните авиони. Заедничката воена вежба се смета за сигнал за силна врска меѓу Кина и Русија во екот на војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он