(ВИДЕО) Русија: Погодивме пратки со оружје

Од:

Украинските воздухопловни сили објавија дека руска крстосувачка ракета лансирана од морето во текот на ноќта погодила инфраструктурни цели во близина на Лавов на западот на земјата, а Русија објави дека уништила пратка со американско и европско оружје, пренесуваат агенциите.

Воздухопловните сили објавија и дека украинската воздушна одбрана соборила три проектили.

Според регионалниот гувернер, зафатена е железничката инфраструктура.

Русија ги напаѓа сообраќајните центри и складиштата за гориво во близина на Лавов во обид да ја отежне испораката на оружје.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините проектили погодиле и уништиле американско и европско оружје во регионот Лавов во западна Украина.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ