ВИДЕО: Руси на тротинети бегаат од земјата, не бираат начин да се спасат од мобилизација

Од:

Русите масовно ја напуштаат својата татковина откако лидерот на земјата Владимир Путин најави делумна мобилизација на 300.000 војници за војната во Украина. На снимката од граничните премини се гледаат колони од автомобили долги неколку десетици километри.

Иако Кремљ тврди дека се „напумпани“ деталите од извештајот за егзодусот на мажи способни за војна, на бројни гранични премини со Русија се формираат линии автомобили, а аеродромите се исто така преполни, пренесува Дневник.

Километарски колони автомобили се формираа и на руската граница со Грузија, за што сведочат бројните видеа од граничните премини.

Ендрју Рот, дописникот на „Гардијан“ од Москва, објави видео на кое се гледа дека Русите не бираат никакви средства за да ја напуштат земјата, па дури и на тротинети ја минуваат границата со Грузија, бидејќи е невозможно да се помине со автомобил поради големите гужви и сообраќаен метеж.

Според медиумите руско-грузиската граница сега е долга 14 километри и потребни се 30 часа за да се помине.

– Гужвите продолжуваат и утринава, можеби малку се зголемени во однос на вчерашниот ден – изјави портпаролот на граничната служба, напоменувајќи дека во моментов редиците се долги околу половина километар.

Би можело да ве интересира

Америка блиску до историска одлука за Украина, ова може да го промени текот на војната

Катерина Ѓуровски

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите