(ВИДЕО) Рововска битка: Еден Русин наспроти 12 Украинци

Од:

Проруски канал Телеграм објави видео во кое се вели дека прикажува како руски војник успешно задржува група украински војници откако освоил ров.

Како што се наведува, на видеото се гледа како војник од 8-та моторизирана чета на 37-та бригада на Русија се бори против 12 украински војници.

„Нашиот борец херојски го држеше ровот додека врз него беа фрлани гранати“, се вели во објавата.

На видеото се гледаат војници во ровови групирани на едната страна и војникот наводно од Русија, од друга страна.

Се фрлаат гранати и се слушаат експлозии, а на крајот од видеото се гледаат украински војници како бегаат од ровот.

Би можело да ве интересира

Украина: Русите вчера загубија стотици војници

Украина: Досега уништивме 5.000 руски беспилотни летала

Пукна нафтовод во западна Украина, избувна голем пожар

Горан Наумовски

Медведев: Нема да застанеме додека не ги ослободиме старите руски земји

Русија регрутира сиромашни Кубанци да се борат во Украина

Горан Наумовски

Киев: Западот мора да ни каже колку долго ќе трае поддршката