(ВИДЕО) Рекордно освојување на Русите: „Лисичанск е наш“

Од:

Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченската република, се огласи откако го најави опколувањето на Лисичанск.

Лисичанск е последниот голем град кој беше под контрола на украинските воени сили.

Кадиров на својот канал на Телеграм сподели видео со наслов „Лисичанск е наш“, а објави и некои детали.

„Единиците под команда на помошникот на шефот на Чеченската Република Апта Алаудинов и вториот корпус на Народната милиција на ЛНР поминаа низ целиот град и стигнаа до неговиот центар.

Други дивизии на сојузничките трупи, исто така, успешно влегоа во градот од крилото, ослободувајќи четврт по четврт.

Цивилите останаа во градот, украинските војници не им дадоа шанса да го напуштат градот.

Жителите на ослободениот Лисичанск здивнаа. Тие изразуваат благодарност до ослободителите – ќе има и видео за тоа.

За да се воспостави живот во градот, неопходно е да се осигура дека нема закана за цивилното население. Омилена тактика на нацистите е да поставуваат мини кои можат да разнесат цивили. Затоа, чистењето на градот сега е приоритет“, кажа лидерот на Чеченската република.

Посебно е интересно што Кадиров само еден час порано го најави нападот и опкружувањето на овој град, а многу брзо објави дека руската војска влегла во центарот.

Денеска сепаратистите поддржани од руската армија „целосно“ го опколија Лисичанск, на истокот на Украина, пренесе агенцијата ТАСС.

Луганската народна милиција (сепаратистичка армија) и руските вооружени сили денеска ги зазедоа последните стратешки упоришта, изјави претставникот на луганската сепаратистичка армија Андреј Марочко.

Тој рече дека од окупираните позиции се гледа дека Лисичанск е целосно опколен. Лисичанск е последниот голем град во регионот на Луганската област кој беше под контрола на украинската армија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски

Украина тврди дека соборила руски хелкоптер, Русите велат сам паднал