ВИДЕО: Разнесен станбен блок во Киев, најмалку двајца мртви

Од:

Најмалку две лица загинаа, а најмалку три се повредени во руски ракетен напад што утрово нешто пред 6 часот погоди станбена зграда во Киев.

Првите бројки за загинатите и ранетите ги потврди советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.

Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека руска артилериска граната погодила деветкатница и оштетила неколку станови.

Погодениот станбен блок се наоѓа во областа Оболон во Киев.

Киев Индипендент пишува дека во моментов гори станбена зграда на девет ката, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот.

Украинската служба за итни случаи објави слики и снимки од пожарот, додавајќи дека дојавата ја добиле нешто по 5 часот. Киев Индипендент пишува дека спасувачите веднаш почнале со евакуација и гаснење на пожарот и дека засега нема информации за жртви.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ