ВИДЕО: Расте бројот на жртвите во поплавите во Кина, евакуирани десетици илјади лица

Од:

Десетици илјади луѓе до денеска се евакуирани од поплавените подрачја во централниот дел на Кина, а властите јавуваат дека на 33 е зголемен бројот на загинати лица, во поплавите што во провинцијата Хенан траат речиси една недела.

Неколку градови се поплавени и насадите се уништени бидејќи катастрофалното време се прошири на север, а официјалната новинска агенција Ксинхуа досега соопшти за 189 милиони долари директни економски штети.

Провинциското биро за метеорологија денеска го крена нивото на предупредување за бура за четирите града од северот на Хенан- Ксинџијанг, Анјанг, Хеби и Џиазуо, на највисокото ниво во четиристепениот систем за предупредување.

Меѓу загинатите се 12-те лица кои беа затекнати во поплавената подземна железница во главниот град на провинцијата Женгжу, на околу 650 километри југо-западно од Пекинг. Низ целата провинција осум лица се водат за исчезнати.

Повеќе од 73.000 луѓе се евакуирани од градот Анјанг, на границата со провинциите Хенан и Хебеи, откако од понеделникот врз градот паднаа над 600 милиметри дожд, јави Ксинхуа.

Врз малиот град Ксинсијанг, на север од Женгжу, од вторникот до денеска се наврнати 812 милиметри дожд, со што е соборен локалниот метеоролошки рекорди, јави Ксинхуа. Се излеаја и седум средно големи вештачки езера, што влијаеше врз многу блиски села и градови.

Од вчера со врнежи се погодени повеќе од 470. 000 лица и повеќе од 55. 000 хектари земјоделски култури, јави Ксинхуа, додавајќи дека локалната влада распореди повеќе од 76. 000 членови на тимовите за пребарување и спасување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Товарен брод во Кина удри во мост, има мртви: автомобили и автобус паднаа во реката