ВИДЕО: Ракета удри во станбена зграда во Запорожје

Од:

Украинските власти објавија видео од експлозијата на зграда во Запорожје за време на, како што рекоа, руски напад.

На објавеното видео од безбедносните камери се гледа моментот кога проектилот ја погодил самата зграда.

Две згради се тешко оштетени, а неколку станови се целосно уништени.

Засега не е познато за каков тип на ракета се работи.

Украинците тврдат дека Русите користат модифицирани ракети од системот за противвоздушна одбрана С-300, но има и такви кои тврдат дека се работи за ракета од повеќецевниот ракетен систем БМ-27 Ураган или БМ-31 Смерч.

Се уште не е познат бројот на загинати и повредени.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин