ВИДЕО: Путин пристигна на свадба кај австриската министерка

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин предизвика големо внимание кај медиумите откако се појави на свадбата на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсел.

Вниманието кон него беше насочено и претходните денови, откако во Австрија почна жестоката дебата дали министерката требала или не да го покани на свадбата.

Putin-Besuch bei Kneissl-Hochzeit

Wladimir Putin ist in der Südsteiermark angekommen und wurde vom Brautpaar begrüßt!

Posted by Kleine Zeitung on Сабота, 18 август 2018

Главната теза на противниците беше дали Путин требало да биде поканет,, со оглед дека Русија е под санкции од ЕУ, а Австрија претседава со унијата.

Putin verabschiedet sich aus Gamlitz

Nach ca. einer Stunde und mit einem Autogramm auf dem "Just Married"-VW des Paares verabschiedet sich Putin ganz locker und auf Deutsch von den Gästen: "Auf Wiederschauen!" Alle Infos zur Kneissl-Hochzeit gibt es in unserem Live-Artikel -> https://goo.gl/ZMAvpQ

Posted by Kleine Zeitung on Сабота, 18 август 2018

Австриските медиуми јавија дека околу пладне Путин слетал на аеродромот во Грац, и со големо обезбедување пристигнал директно на свадбата.

Путин во Австрија се задржа неколку часа со оглед дека доцна попладне беше закажана средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во еден германски замок.

Министерката за надворешни работи претходно кажа дека нема да обрнува внимание на критиките и дека нема да му ја откаже поканата на Путин. Таа стапи во брак со бизнисменот Волфганг Мајлингер.

Свадбата е одржана по австриската традиција во народни носии, а меѓу гостите освен рускиот претседател се и речиси сите членови на австриската влада предводени од канцеларот Себастијан Курц.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Прв дел од руски ПВО систем испорачан во Србија

Ана Ололовска

САД: Русија шири дезинформации за новиот коронавирус

Ана Ололовска

Сандерс ја предупреди Русија да не се меша во американските избори

Ана Ололовска

ВИДЕО: Лансирани ракети кон руски Сухој над Идлиб, пилотот успеа да ги избегне

Предраг Петровиќ

Песков: Лажни се наводите на американските разузнавачи дека Русија се меша во кампањата во САД

Ана Ололовска

Американското разузнавање тврди дека Русија повторно сака да му помогне на Трамп на изборите

Ана Ололовска