(ВИДЕО) Путин: Непријателите сакаат распад на рускиот свет, до некаде и успеаја во тоа

Од:

Рускит претседател Владимир Путин денеска, обраќајќи им се на воените команданти и на министерот за одбрана, рече дека „стана очигледно дека војната во Украина е неизбежна“, додавајќи дека „подобро е да се случи денес отколку утре“.

„Стана очигледно дека конфликтите со овие сили, вклучително и оние во Украина, се неизбежни. Единственото прашање беше кога тие ќе се случат“, рече Путин, а потоа додаде: „Се разбира, воените операции секогаш се поврзани со трагедија и човечки загуби. Но, имајќи предвид дека тоа беше неизбежно, подобро денес отколку утре“, рече Путин, додавајќи дека „трагедиите во Украина не се вина на Русија“.

Тој ги нарече човечките загуби во Украина „обична трагедија“, додавајќи дека Украинците сè уште ги гледа како „братски народ“. Тој повтори: „Непријателите на Русија сакаат распад на нашата земја. Секогаш ја имаа таа цел – распаѓање на рускиот свет” рече тој.

Во обраќањето Путин рече дека нема ограничувања за финансирањето на војската.

„Оваа земја и владата ќе дадат сè што ќе побара армијата. Сè“, рече Путин, кој во истиот говор призна дека мобилизацијата не поминала како што треба. „Го молам Министерството за одбрана внимателно да ги слуша цивилите и да ги земе предвид критиките и навремено да одговори на нив“ рече Путин.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин