(ВИДЕО) Путин до мајките на загинатите руски војници: „Не жалам што ја почнав војната“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин  ги прими мајките и сопругите на руските војници кои се борат во Украина за прв пат од почетокот на руската инвазија. Средбата се случила по бројни барања на семејствата на руските војници, кои се пожалиле на недостиг на основна опрема и ужасни услови. Во неколку наврати мајките на руските војници упаднаа во канцелариите на руската армија за мобилизација.

Видеото од средбата го пренесоа руските медиуми. На почетокот на средбата Путин рече дека „лично ја споделува болката на мајките кои ги загубија своите синови“, но набргу потоа почна да зборува за „лажни вести“ за војната во Украина, велејќи: „Интернетот е пат на измами и лаги, не можете да верувате во ништо“.

Путин им рекол на мајките дека телефонски разговарал со војниците на фронтот: „Разговарав со нив и ме изненадија со нивното расположение, нивниот став. Не очекуваа дека ќе им се јавам. Овие разговори ми даваат причина да ги наречеме херои. Тоа е вистината“.

Тој, исто така, тврди дека целото руско раководство, во кое е вклучен и тој, „ја дели болката на мајките“. „Ние разбираме дека ништо не може да го замени изгубениот син, изгубеното дете, а особено не на мајките.

„Ќе направиме се за да не се чувствувате заборавено, се што е во наша моќ за да имате рамо на кое ќе се потпрете“, рече Путин, додавајќи дека „не жали“ за одлуката да започне, како што вели Кремљ, „специјална воена операција во Украина, и ја опиша војната како момент во кој Москва конечно застана против „западната хегемонија“.

Руската телевизија не ги објави изјавите на мајките на загинатите војници.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат