ВИДЕО: Првата арапска ракета пристигна на Марс

Од:

Првата вселенска сонда на Обединетите Арапски Емирати, наречена „Надеж“, стигна до Марс и успешно влезе во орбитата на планетата, по седуммесечно патување. Пристигнувањето ќе овозможи сондата да испраќа податоци за атмосферата и климата на Црвената Планета.

Мисијата ги вброи ОАЕ меѓу петте земји чии вселенски агенции успешно испратиле мисија на Марс.

Сондата „Надеж“ беше лансирана во јули 2020 година од Јапонија, по две одложувања поради лошите временски услови. Целта на мисијата е да ја мапира атмосферата на Марс во текот на секоја сезона.

Програмата поврзана со Марс е дел од напорите на ОАЕ да ги развијат своите научни и технолошки можности и да ја намалат зависноста од нафта.

Околу 60 отсто од мисиите на Марс досега беа неуспешни, што сведочи за сложеноста на меѓупланетарното патување, но и за тешкотиите на леталата да се спуштат низ тенката атмосфера на Марс.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Делчевските пензионери маршираа низ градските улици барајќи линеарно покачување на пензиите

(ВИДЕО) Преживување на „Марс“ во скафандер од 25кг и со „храна во прав“: Интервју со Мартина Димоска, прв аналоген астронаут од Македонија

Орце Костов