ВИДЕО: Протестите на земјоделците се закануваат да ја дестабилизираат цела Индија

Од:

Илјадници земјоделци во најнаселената држава во Индија, Утар Прадеш, повторно се собраа денеска за да изразат незадоволство од новите закони за земјоделство, што укажува на зголемена поддршка за повеќемесечната кампања против владините реформи во оваа област.

Незадоволни од новиот закон на владата, за кој сметаат дека им оди во прилог на купувачите и на штета на производителите, десетици илјади земјоделци протестираат на периферијата на главниот град на Њу Делхи повеќе од два месеци. Најголемиот дел од демонстрантите досега беше од државата Пенџаб со која управува опозицијата.

Но денеска, 10.000 земјоделци кои припаѓаат на различни политички групи и верски заедници се собраа во државата Утар Прадеш да изразат поддршка на протестите, што може да биде голем предизвик за владата на премиерот Нарендра Моди.

Земјоделците на протестот велат дека со спорните закони се укинуваат заштитените цени на нивните производи и дека тоа ќе ги направи зависни од условите што ќе ги диктираат големите откупувачи и ќе бараат нивно укинување, додека владата порача дека реформата на неефикасниот земјоделски сектор ќе им отвори нови можности и понуди некои отстапки, но отфрли повлекување на законот.

Повеќемесечните протести, кои го привлекоа светското внимание и поддршката од поп-ѕвездата Ријана и активистката за заштита на животната средина, Грета Тунберг, досега беа во голема мерка мирни, но на 26 јануари избувна насилство кога некои земјоделци се судрија со полицијата во Њу Делхи, и еден едно лице беше убиено, а стотици повредени.

Би можело да ве интересира

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики