(ВИДЕО) Протести во Мадрид: „Вирусот не постои“, „Маската убива“

Од:

Два дена откако шпанската влада објави нови ограничувања, меѓу кои и затворање дискотеки и забрана за пушење таму кадешто е невозможно да се задржи растојание од два метри, стотици луѓе излегоа на улиците.

Со извици за „Слобода“ стотици луѓе се собраа во Мадрид во неделата до протестираат против задолжителното носење маски и другите рестриктивни мерки во борбата против коронавирусот.

Posted by Sergio Lleó on Недела, 16 август 2020

Луѓето по повиците на социјалните мрежи масовно се собраа на плоштадот Колон во средиштето на главниот град. Тие носеа транспаренти на кои меѓу останатото пишуваше „Вирусот не постои“, „Маската убива“ и „Не му се плашиме“.

Пилар Мартин, 58-годишна домаќинка од Сарагоса, изјави дека дошла во Мадрид на протест затоа што верува оти државите претеруваат со бројките на заразени за да ги намалат граѓанските права.

„Тие нè тераат да носиме маски, сакаат да нè заклучат. Ова се само лаги“, рече таа.

Иако во Шпанија носењето маски е задолжително многу демонстранти не носеа.

Носењето маски за прв пат беше воведено во почетокот на мај на јавниот превоз, но подоцна беше проширено во земјата во која бројот на починати се приближува до 29.000.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски