(ВИДЕО) Протече снимка од сослушувањето на Трамп за финансиска измама: Се повика на Петтиот амандман, а потоа молчеше

Од:

Снимката од сослушувањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објавена од дел од американските медиуми, дава прв поглед на тоа како тој се бранел во истрагата за финансиска измама вредна 250 милиони долари.

На видеото може да се види како Трамп се повикува на Петтиот амандман и одбива да одговори на прашањата.

„Секој на мојата позиција кој не би се повикал на Петтиот амандман би бил будала, апсолутна будала“, рече Трамп на почетокот на својот говор.

Трамп беше испрашуван како дел од истрагата на њујоршкиот јавен обвинител Летиција Џејмс за деловните практики на Организацијата Трамп, што кулминираше со тужба поднесена од Џејмс во септември против Трамп, некои од неговите деца и неговите соработници.

Трамп прочита долга изјава во која ја нарече истрагата „најголемиот лов на вештерки во историјата на нашата земја“ и рече дека ќе се повика на своето уставно право да не одговара на прашања. .

Неговиот несреден воведен исказ, кој траеше речиси седум минути, содржеше обвинувања дека Џејмс го истражува од политички причини и вклучуваше напади врз Мајкл Коен, поранешниот адвокат на Трамп чие сведочење во Конгресот за неговите деловни практики ја поттикна истрагата на јавниот обвинител. Тој се осврна и на претресот на ФБИ во неговата куќа во Мар-а-Лаго, што се случи два дена пред неговото сведочење на 10 август.

Трамп рече дека нема „нема избор“ освен да се повика на Петтиот амандман.

„Не можеме да дозволиме одметната и вонконтрола обвинителка да ја користи оваа истрага како средство за унапредување на нејзината политичка кариера“, рече Трамп.

Кога започна испрашувањето – кое вклучуваше прашања за финансиските извештаи на неговата компанија и операциите на Организацијата Трамп – тој се повика на неговите права од Петтиот амандман.

Сведочењето се одвиваше неколку часа на 10 август. Видеото објавено во вторник трае околу 37 минути и опфаќа делови од претходно објавениот транскрипт на сведочењето, јавува CNN.

Би можело да ве интересира

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп и Бајден мешаат држави, грешат имиња: Најстарите кандидати во историјата ќе водат битка за САД