(ВИДЕО) Протече снимка од разговорот меѓу Макрон и принцот Салман: Загрижен сум, не ме слушаш

Од:

Француските власти потврдија дека претседателот Емануел Макрон и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман го дискутирале убиството на новинарот Џамал Кашоги и војната во Јемен, откако микрофонот го „фати“ неофицијалниот разговор за време на самитот Г-20 во Буенос Аирес.

Двајцата лидери имаа неформални разговори на маргините на самитот, стоејќи близу еден до друг и несвесни дека нивниот разговор се снима. Темата на разговорот не беше веднаш јасна, но помошникот на Макрон подоцна потврди дека разговарале за убиството на Кашоги.

Медиумите го анализираа разговорот.

– Не се грижи, му рече принцот Мохамед на Макрон.

– Загрижен сум..Ви кажав, одговори Макрон.

– Да, ми кажавте. Ви благодарам многу, наведе принцот.

– Никогаш не ме слушаш, продолжи Макрон.

– Не, ве слушам, се разбира, одговори принцот со широка насмевка, кога стана свесен за камерите во близина.

– Затоа што ви кажав. Тоа е навистина важно за вас, рече Макрон кроз насмевка, по што се сврти од камерите за да го продолжат разговорот.

Францускиот претседател потоа кажа нешто што не се слушна.

– Тоа е во ред. Можам да се изборам за тоа, одговори саудискиот принц.

Во уште еден дел од разговорот кој што може да се чуе, Макрон рече „Јас сум човек од збор“.

Од Елисејската палата соопштија дека двајцата лидери разговарале пет минути на маргините на самитот и дека Макрон предал цврска порака во врска со убиството на Кашоги и ја истакнал потребата за наоѓање на политичко решение на кризата во Јемен.

Одлуката на саудискиот принц да дојде на самитот Г-20 во Аргентина е проценет ризик, бидејќи не беше позната реакција на останатите лидери, откако ЦИА процени дека тој го дал наредувањето за погубување на Кашоги.

Резултатите од присуството на Кашоги на самитот се мешовите. Макрон и британската премиерка Тереза Меј се согласија на состанок со него. За време на групната фотографија, принцот застана на крајот на групата, игнориран од повеќето лидери.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор