ВИДЕО: Прославата на европската титула го зголеми бројот на новозаразени со Ковид-19 во Италија

Од:

Здравствените власти во Италија соопштија денеска дека славењето ширум земјата по повод триумфот на фудбалската репрезентација на неодамнешното ЕУРО2020 влијаело на пораст на бројот заразени со коронавирус.

Европската титула се славеше низ цела Италија, а централната прослава се одржа на 12 јули во Рим каде десетици илјади луѓе ги поздравија фудбалерите, кои се возеа во отворен автобус.

Епидемиолозите предупредија на раст на бројот новозаразени во изминатите три денови.

Советникот на италијанската Влада околу епидемиолошките мерки Марко Локатели посочи дека „јавните собирања помогнале вирусот да циркулира“.

Тој во изјава за римскиот весник „Република“ наведе дека просечната старост на заразените со Ковод-19 во Италија сега изнесува 28 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим