(ВИДЕО) Пропагандистка на Путин по поразот во Лиман: Страшно, не ни сакав да дојдам на емисија

Од:

Уредничката на РТ, Маргарита Симонјан, гостуваше во програмата „Вечер“ со Владимир Соловјев на руската државна телевизија, која ги повика генералите и самото воено раководство да одговорат за повлекувањето на Русија од Лиман.

Таа призна дека била толку бесна поради тој пораз што не сакала ни да дојде на шоуто.

Кукавичлук, намерно напуштање на стратешките позиции без координација со повисока команда, колапс на командата и пад на контролата над војниците“, рече Симонјан, како што пренесува Дејли Бист.

„Ужасно сме загрижени, страшно вознемирени, не ни сакав да дојдам овде бидејќи со паника и жалење му помагаме на непријателот, индиректно работиме за успехот на ЦИА, која со децении се обидува да ја уништи нашата земја. Друго што можам да кажам?” додаде таа.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив