ВИДЕО: Прогласен карантин во Дизни парк во Шангај, заробени 60.000 посетители

Од:

Посетители на Дизни парк во кинескиот град Шангај останаа заробени внатре, откако неговите управители и властите воведоа вонредно затворање поради коронавирусот.

На социјалните мрежи се појавија видеа каде луѓе брзаат кон заклучените врати на забавниот парк, наводно, во обид да побегнат од карантинот.

Во моментот на затворањето, во паркот имало околу 60.000 лица.

Тамошната Влада објави дека на сите луѓе им е забранет влез и излез од паркот. Оние кои останаа заробени внатре, мора да се тестираат и да покажат негативен резултат, доколку сакаат да го напуштат паркот.

Слично сценарио имаше и во ноември минатата година, кога над 30.000 посетители останаа заробени во паркот, штом властите наредија задолжително тестирање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Исплови првиот кинески крузер: Бродот има 16 ката, парк со палми и трговски центар

А1он

Пораст на бројот инфицирани во Шангај, лекар тврди дека 70 отсто од граѓаните имаат Ковид-19

А1он

Би-Би-Си го осуди апсењето на својот новинар, кој известуваше за демонстрациите во Шангај

А1он

ВИДЕО: Полицијата ги запира луѓето во Шангај и ги брише фотографиите од протестите од нивните телефони

А1он

(ВИДЕО) Кинеската полиција претепа и уапси новинар на Би-Би-Си

Две лица се уапсени во Шангај за време на протестите против строгите анти-ковид мерки

Горан Наумовски