ВИДЕО: Продолжува хаосот во Британија по убиството на три девојчиња

Од:

Британската полиција испраќа повеќе полицајци на улиците поради заканата од големи немири овој викенд, откако демонстрантите против миграцијата запалија полициска станија и автомобили синоќа. Десничарските протести избија по убиството на три девојчиња во Саутпорт.

Немирите во кои учествуваа стотици луѓе избувнаа оваа недела откако на интернет брзо се проширија лажни информации дека осомничениот за убиствата во Саутпорт е радикализиран муслимански мигрант.

Полицијата го идентификуваше осомничениот како Аксел Рудакубана, 17-годишен роден во Кардиф, Велс.

Стотици луѓе се собраа пред градското собрание на Белфаст на митинг против расизмот непосредно пред пладне. Настанот беше организиран како одговор на повиците на социјалните мрежи да се организираат антиисламски протести во Северна Ирска.

Голем број патишта во Белфаст беа затворени „поради протестни активности“, соопшти полицијата.

Околу 150 луѓе во Лидс скандираа „Ти не си Англичанец“ и „Тргнете ги муслиманите од нашите улици“ пред градската библиотека. Но, многу побројни беа контра-демонстрантите кои извикуваа „нацистички ѓубриња од нашите улици“.

Околу 11 часот, демонстрантите против расизмот во Манчестер беа побројни од оние што се појавија на протестот „Доста е“.

Крис Слејтер, известувач за „Манчестер Ивнинг њуз“, рече дека на протестот учествувале 150 луѓе, додека на контрапротестот „Стоп за крајната десница“ излегле околу 350 луѓе.

Премиерот Кир Стармер, кој се соочува со својот прв голем тест откако беше избран пред еден месец, ја осуди обвини десница за насилството, се состана со полициските началници и ги поддржа силите да преземат остра акција.

Тој двапати беше во Саутпорт по нападот, се сретна со водачите на заедницата и им се заблагодари на службите за итни случаи.

Последен пат насилства во Велика Британија имаше во 2011 година, кога илјадници излегоа на улиците откако црнец беше застрелан од полицијата во Лондон.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја