ВИДЕО: Повторно еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

Од:

Вулканот Килауеа на Хаваи, еден од најактивните во светот повторно исфрла лаза, засега само од главниот кратер и не претставува закана за локалното население соопштија властите.

„Вулканот исфрла лава во висина на петтокатница“ – објави на Твитер, Американскиот геофизички завод (УСГС) заедно со видеоснимка од ерупцијата.

Првите пукнатини на кратерот на врвот на вулканот се појавија во среда попладне. Набрзо се претворија во потоци од лава која е со температура повисока од 1100 Целзиусови степени.

Редовните ерупции на Килауеа привлекуваат туристи уште од 1950 година. Управата на националниот парк Хавајски вулкани, почна да мобилизира вработени во оечкување на голем број гости.

Ерупцијата на вулканот во моментов не е закана, но ситуацијата се следи постојано затоа што почетокот на ерупцијата беше динамичен и неизвесен велат од УСГС.

Килауеа е еден од петте вулкани на Хаваи, најголемиот остров во пацифичкиот архипелаг. Во ерупцијата во 2018 вулканот уништи стотици куќи

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лавата „проголта“ куќи во Гриндавик, градот е блокиран

Горан Наумовски