ВИДЕО: Повеќе од 10 загинати и над 300 повредени во налет на две торнада во Кина

Од:

Најмалку 10 лица загинаа, а 300 се повредени кога две торнада ги погодија централна и источна Кина, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Шест лица загинаа во Вухан, а уште четири во градот Шенгзе, на источниот брег во близина на Шангај, соопштија локалните власти.

Торнадото првпат го погоди Шенгзе синоќа околу 19 часот по локално време, при што беа оштетени згради на фабрики и електричните постројки, јави Синхуа.

Властите на тој град на социјалните мрежи објавија дека загинале четири лица, а 149 се повредени.

Градот Вухан, торнадо со брзина од 86 километри на час, го погоди во 20.40 часот по локално време и уништи повеќе од 20 домови и предизвика прекин на електричната енергија во 26.600 домаќинства. Властите соопштија дека шест лица загинале, а 218 се повредени во Вухан.

Новинската агенција Синхуа објави дека 27 куќи биле урнати во Вухан, а други 130 биле оштетени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски