ВИДЕО: Потрагата по исчезнатите во урнатините од зградата во Мајами запрена, објектот ќе биде демолиран

Од:

Спасувачката мисија по можните преживеани во урнатините во станбениот блок во Мајами кој се урна пред неколку дена е прекината за да биде демолиран и остантиот дел од зградата. Она што остана од објектот ќе биде ураното со експлозив.

Причината за уривањето е стравот од поголема трагедија поради наодоаѓањето на тропската бура „Елса“ кој во Мајами се очекува да пристигне во вторник.

Дел од 12-катниот стамбен блок се урна на 24. јуни. 24 луѓе беа пронајдени мртви, 121 лице се води како исчезнато. Ниту еден преживеан не е изваден од урнатите со исклучок на оние кои беа спасени во првите неколку часа по колапсот на објектот.

Семејствата на исезнатите се инфромирани за одлуката за уривање на остатокот од зградата изјави градоначалничката на Мајами, Даниела Левин. Надлежните најавуваат дека откако ќе биде завршено уривањето, потрагата по исчезнатите ќе продолжи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал на аеродромот во Мајами: Вработените крадат од патниците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Гол маж ги нападна посетителите на теретана во Мајами, го исфрлија надвор, но тогаш почна нов хаос

(ВИДЕО) Експлозија во Мајами: Две лица загинаа, тројца тешко повредени

Уште еден напад на ајкула во Мајами

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Хеликоптер се урна меѓу луѓе на популарната плажа во Мајами

Ана Ололовска

Роднините на жртвите во урнатата заграда во Мајами ќе добијат повеќе од 150 милиони долари отштета

Катерина Ѓуровски