ВИДЕО: Потонатата индонезиска подморница распарчена на три дела, нема преживеани

Од:

Остатоците од потонатата индонезиска подморница „Нангала“ се пронајдени на морското дно кај Бали, а нејзините 53 членови на екипажот се мртви, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на индонезиските вооружени сили.

Индонезија вчера ја прогласи подморницата за потоната, но досега немаше потврда дека членовите на екипажот загинале. Сепак, се веруваше дека кислородот во подморницата завршил најдоцна вчера наутро.

Подморницата е распарчена на најмалку три дела и е на длабочина од 838 метри, соопшти командантот на индонезиската морнарица Јудо Маргоно. Тој ја отфрли можноста несреќата да е резултат на човечка грешка.

Причините за потонувањето на „Нангала“ остануваат нејасни.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски