ВИДЕО: Португалскиот претседател спаси две жени од давење

Од:

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соса покажа дека е вистински херој откако спаси две жени од давење во регионот Алгарве.

Од аматерската снимка може да се види како шефот на државата плива кон жените чиј кајак беше превртен.

Тој успеа да им помогне заедно со уште двајца мажи кои, исто така беа вклучени во операцијата за спасување.

„Туристите беа повлечени поради струењето на водата кое ги однесе во заливот“, им рече де Соса на новинарите по излегувањето од водата.

Претседателот е на одмор во Алгарве за да го промовира туризмот во земјата за време на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија