ВИДЕО: Поројни дождови во Словенија, поплавени градови и села

Од:

Обилните дождови во изминатите неколку дена и подигнувањето на нивото на Јадранското Море поплавија дел од крајбрежјето, а забележани се и лизгање на земјиште и блокирани патишта.

Поради одрон, во прекин денеска беше главниот пат кој води кон граничниот премин Драгоња со Хрватска.

Дождот и понатаму паѓа во големи делови од земјата, а најкритична е ситуацијата во долината на реката Драгоња, изјави шефот на локалниот спасувачки тим Роберт Зирнштајн за агенцијата СТА.

Локалните пожарникари ја испумпуваат водата од подрумите во градот Пиран, а се поставуваат и насипи со песок за да се одбие водата.

Oколу 400 кубни метри земја се излизгале меѓу две станбени згради во населбата Марковец во Копер, заедно со дрвја од блискиот рид. Сообраќајот се одвива само по една коловозна лента меѓу Копер и Драгоња, соопштија локалните власти.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски