Талита до Вале, 39-годишна поранешна бразилска манекенка и елитен снајперист, која документирала воени подвизи на Јутјуб, била убиена за време на руското гранатирање на Харков, пишува Мирор.
За време на нападот, животот го загуби и поранешниот војник на бразилската армија Даглас Бурига, кој се вратил во бункерот за да ја пронајде Талита. Таа беше единствената припадничка на единицата која го преживеала првиот ракетен напад, тврдат други борци, а имала искуство и во претходни конфликти бидејќи се борела против Исламската држава во Ирак, што било документирано на нејзиниот канал на Јутјуб.
За време на борбите во Ирак, таа доби обука за снајпер и се приклучи на Пешмерга, вооружените сили на независниот регион Курдистан во Ирак. Таа, исто така, соработуваше со писател за да го претвори тоа искуство во книга.