(ВИДЕО) Полицијата во Русија приведе возрасна жена: Мобилизирајте ги сите ако ви треба топовско месо

Од:

Во Русија поради мобилизацијата продолжуваат протестите, а секојдневно се објавуваат видеа на кои се гледа хаосот што настанал.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави видео за кое вели дека е направено во Русија.

„Руската полиција се обидува да ја уапси бабата која ја кажа вистината. Погледнете колку луѓе има околу себе кои само снимаат и молчат“, напиша тој.

Не се знае кога и каде е снимено видеото, а на него се гледа расправија меѓу постара жена и полицијата.

-Дали доброволно ќе дојдеш со нас? – прашува полицаецот.

– Нема да одам со тебе доброволно – одговара жената.

– Немам ништо против мобилизација. Мобилизирајте ја цела држава ако ви треба топовско месо – вели жената.

Полицијата повторно ја вика да дојде со нив.

– Ќе мораме да употребиме сила – вели полицаецот.

– Направете го тоа – одговара таа.

Во тој момент полицајците се обидуваат да ја приведат жената, но на нив се спротивставуваат луѓето кои се насобрале таму.

– Носиш баба? – се слуша чудењето на еден од нив.

– Нема да одам со тебе затоа што сте криминалци. Апсите невини луѓе – вели жената и додава дека само одела.

Таа вели дека не носела никаква парола, па се претпоставува дека е приведена затоа што протестирала против мобилизацијата.

На крајот, полицајците ја приведуваат старицата, а луѓето викаат дека е срамота.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина