ВИДЕО: Полицаец нападна тинејџер во Австралија

Од:

Во Австралија се појави видео снимка на која се гледа како полицаец фрла едно момче на под, кое е припадник на домородските заедници. Поради тоа, полицаецот е делумно суспендиран додека трае истрагата, објави Би Би Си. Инцидентот заврши со апсење на тинејџерот, потоа е ослободување, а претходно бил однесен в болница на преглед.

Полицијата соопшти дека ќе го испита инцидентот, кој се случи вчера во предградие на Сиднеј, а откако снимката била објавена на Фејсбук, го привлекла вниманието на јавноста.

Австралиските медиуми објавија дека момчето има 16 или 17 години.

Инаку, критиките за полициското однесување кон домородните групи во Австралија се зголемија оваа недела, поттикнати од протестите поради смртта на Џорџ Флојд во САД, а протести се планираат и низ Австралија.

На видео снимката се гледа како тројца полицајци разговараат со група тинејџери на една патека. Откако тинејџерот, кој подоцна е уапсен, му рекол на полицаецот: „Ќе те удрам во вилицата, брат“, тој побарал од него да се сврти. Потоа го удрил во нозете и го фрлил на земја. Тројца офицери потоа го турнаа на подот и го уапсија.

Во австралиските затвори се наоѓаат околу 30 отсто домородци, додека во целото население се само три проценти.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча