ВИДЕО: Погребан убиениот претседател на Хаити, го испратија со пукотници и солзавец

Од:

Во тензична атмосфера и под силни мерки на обезбедување, денеска на Хаити беше погребан претседателот Жовенел Мојз, кој беше убиен во атентат во неговиот дом минатата недела.

Новинските агенции јавија дека за време на погребот се слушнале истрели, по што присутните политичари и дипломати морале да бараат засолниште. Полицијата фрлила солзавец за да ги разбие демонстрантите. Амбасадорката на САД во Обединетите Нации Линда Томас-Гринфилд, која ја предводеше американската делегација, по инцидентот веднаш се хеликоптер била пренесена на безбедна локација, а потоа и ја напуштила државата.

Церемонијата на закопот неколкупати ја прекинале повици од гневната толпа која се собра во близина на гробиштата, барајќи да се откријат нарачателите на атентатот на Мојс. Демонстрантите ги навредувале политичарите присутни на погребот, а шефот на полицијата го нарекле криминалец.

„Што ви е сега ова обезбедување, каде беше полицијата дента кога е убиен претседателот?“, запраша еден од учесниците во протестот.

Според властите, атентатот го извршила група командоси, од кои 26 биле Колумбијци и двајца Американци со потекло од Хаити. Повеќето од осомничените се уапсени, но засега нема информации за мотивите и нарачателите на убиството на Мојз.

Би можело да ве интересира

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски

Во автомобил бомба убиен член на Луганска Народна Република

Банда на Хаити пукаше кон демонстранти и уби седум лица

Горан Наумовски