ВИДЕО: Погодена зграда во Киев, едно лице загина

Од:

Едно лице загина, а неколкумина се повредени откако делови од руска ракета паднаа врз станбена зграда во северниот дел на украинската престолнина Киев, соопштија итните служби во Украина.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко се јави од местото на нападот.

„Непријателот продолжува да го напаѓа главниот град. Утрово, станбениот кварт во областа Подилски беше беше нападнат. Едно лице загина, 19 се повредени, од кои четири се деца. Оштетени се 6 станбени куќи, градинки и училиште. На местото работат спасувачи и лекари“, напиша тој на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски