ВИДЕО: По 70 години од Ла Манш изваден германски бомбардер „Дорниер До 17“

Од:

Германски бомбардер од Втората светска војна, кој бил соборен во округот Кент пред повеќе од 70 години за време на нападот врз Велика Британија, синиќа е изваден од каналот Ла Манш.

Се верува дека ова е последниот зачуван модел од познатиот германски бомбардер познат како „летечко пенкало“ поради тесниот труп на авионот. Авионот е извлечен од 15 метри длабочина од Гудвин сенд, во близина на југоисточното крајбрежје на Англија.

dorner17-01

Експертите од музејот на британското Кралско воздухопловство (РАФ) се подготвуваа пет недели за извлекување на авионот од морското дно, за кого се верува дека е единствениот преживеан „Дорниер До 17“ од Втората светска војна.

dorner17-02

Авионот е соборен за време на Битката за Британија во 1940 година и работите за негово извлекување се најголема операција од таков вид во британските територијални води, се наведува во соопштението на музејот на РАФ.

dorner17-03 dorner17-04

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени