ВИДЕО: Пијани руски војници влетаа во аеродром со оклопен транспортер

Од:

Неколкумина руски војници, членови на екипажот на оклопно возило, пијани управувале со транспортерот „БМП-3“-от и влетале во бетонскиот ѕид и заштитната ограда на аеродром во близина на Волгоград, јави руската веб-страница База.

Неверојатниот, но не и толку неочекуван инцидент кога се работи за Русија и алкохолот, се случил пред три дена, а снимката од безбедносна камера на аеродромот стана вирална на социјалните мрежи.

Војниците, кои тргнале на вежба на полигон кој се наоѓа во близина, но завршиле заглавени во заштитната ограда, се приведени од воената полиција. Аеродромот продолжил да работи нормално, но дел од безбедносниот систем му е оштетен, соопштија властите.

Би можело да ве интересира

УЕФА ги враќа руските клубови во европските натпреварувања

Русија за протерувањето на свештениците од Бугарија: Провокација по евроатлантските насоки за која ќе има одговор

Русија: На наша територија се урна бомбардер Су-34

ВИДЕО: Драматично слетување во поле на руски патнички авион

Катерина Ѓуровски

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Ким Џонг Ун патува во Русија