ВИДЕО: Пијан маж држи шест деца за заложници во стан во Санкт Петербург

Од:

Маж, вооружен со секира, во заложништво држи шест деца во стан во населбата Колпино, предградие на Санкт Петербург, пренесоа руските агенции.

Извор од безбедносните служби изјавил дека човекот е пијан, а полицијата ја контактирала неговата сопруга, која не можела да влезе во станот.

Полицијата преговара со киднаперот, но тој досега не упатил никакви барања.

Тасс јавува дека човекот е забарикадиран во станот со децата, а како можна претпоставка за инцидентот се наведува негов конфликт со сопругата.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски