ВИДЕО: Петмина мртви меѓу кои и осумгодишно дете во протестите против законот за државјанство во Индија

Од:

Најмалку пет лица, меѓу кои и осумгодишно дете, загинаа во северна Индија за време на демонстрациите против новиот закон за државјанство, со што се зголеми на 20 вкупниот број жртви од почетокот на протестите минатата недела, соопшти денеска локалната полиција.

– Четворица демонстранти им подлегнаа на повредите зобиени во петокот за време на судирот со полицијата, изјави денеска портпаролот на државната полиција во Утар Прадеш, Шириш Чандра.

Осумгодишно дете загина во немири за време на демонстрациите во светиот хиндуистички град Варанаси, изјави началникот на полицијата во областа.

Со тоа, бројот на загинати од почетокот на протестите пред десетина дена против законот што се смета за дискриминаторски врз муслиманите, се искачи на 20 лица.

Противниците на Законот за државјанство тврдат дека тоа претставува продолжување на националистичката политика на премиерот Нарендра Моди и оти неговата Влада на тој начин се обидува да ја приближи Индија до хиндуистичка земја, задавајќи голем удар врз долгогодишната посветеност на Индија за секуларна демократија.

За да се задушат протестите, властите блокираа патишта, го прекинаа интернетот и телефонските комуникации и ги заострија ограничувањата за демонстрациите во државата Асам во североисточна Индија, каде започнаа протестите минатата недела, откако Парламентот на 11 декември го усвои спорниот Закон.

Новиот Закон важи за хиндусите, христијаните, сиките, будистите, парсите и џаинистите, кои се нелегални во Индија, а во земјата се откако избегале од прогонствата во Бангладеш, Пакистан или Авганистан, земји со мнозинство муслимани. Законот не важи за припадници на муслиманските малцинства како рохинџи, кои беа прогонувани од соседен Мјанмар.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка