ВИДЕО: Пет жртви во нападот во Норвешка, осомничен е 37-годишен Данец

Од:

Дански државјанин (37) е осомничен за убиството на петте лица во вчерашниот напад со лак и стрела во норвешкиот град Конгсберг, соопшти денеска норвешката полиција.

Во нападот, што се случи вчеравечер, беа повредени уште две лица, меѓу кои и полицаец кој не бил на должност. Осомничениот со лак и стрела нападна на неколку локации во Конгсберг, град со околу 28 илјади жители што се наоѓа на 68 километри југозападно од Осло.

Напаѓачот е уапсен, а полицијата истражува дали користел некое друго оружје. Се верува дека напаѓачот дејствувал сам. Нападот се случи во 18:30 часот по локално време, а полицијата соопшти дека спроведува истрага за да утврди дали нападот има врска со тероризам.

Полицијата соопшти дека ја открила националноста на напаѓачите за да ги спречи гласините откако на социјалните мрежи излегоа одредени дезинформации.

-Во тек е распитот на осомничениот и тој соработува со полицијата, изјави неговиот адвокат.

Нападот траел повеќе од половина час во пошироката област Конгсберг, вклучувајќи ја и продавницата Coop Extra, пренесе весникот „Афтенпостен“.

По нападот, полициската администрација им нареди на полицајците низ целата земја да носат огнено оружје. Норвешката полиција е генерално невооружена, но полицајците имаат пристап до оружје кога е потребно.

Полициската администрација соопшти дека тоа е мерка на претпазливост и дека „засега нема индикации дека националното ниво на опасност ќе се промени“.

Бројот на загинати го прави овој напад најлошиот во Норвешка од 2011 година, кога екстремниот десничар Андерс Беринг Брејвик уби 77 луѓе, главно тинејџери кои присуствуваа на младински политички камп.

Би можело да ве интересира

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби

(ВИДЕО) Снежна бура во Норвешка, хаос во Осло