Видео: Пет доброволци под експлозија на атомска бомба

Од:

Пет доброволци на американските воздушни сили и еден снимател пред 55 години на овој ден, застанаа заедно на „нултата точка“ во пустината Невада, директно под експлозијата на атомската бомба, сите заедно како дел од експеримент.
Тоа е времето кога луѓето уште ја немаа сфатено добро опасноста од ова оружје и подоцнежните последици.

На снимката се петмината доброволци на американската армија и еден кој не сакаше доброволно да учествува во експериментот, но мораше да го снима со камерата.

Снимката требаше да покаже дали има реакција кај луѓето од експлозијата на двекилотонската МБ-1 нуклеарна ракета воздух-воздух лансирана од авион Ф-89 „шкорпион“ Бомбата беше активирана на три километри над нивните глави.

Колку се водело грижа за последиците од радијацијата покажува и шеговитиот натпис на таблата покрај нивните нозе на која пишува „Нулта точка“.

На небото се појавуваат два авиони, а првиот лансира нуклерна ракета. Следува огромна експлозија на небото, но тоа не ги загрижува доброволците-тие во следниот момент се смеат гласно и си честитаат еден на друг.

Американскиот непрофитен портал NPR.org се обиде да влезе во трага на судбината на овие доброволци и единствено откри дека е жив снимателот на видеото.

Што се однесува до останатите доброволци нема достапни податоци. За порталот историчарот на науки Алекс Велестејн откри дека многу од доброволците во вакви експерименти заболеле од рак.

„Околу 150 милиони долари се исплатени како компензација за повеќе од 2.000 директни учесници во експериментите“, рече тој.

Велестрајн откри и дека 16.000 жители на гратчето Сент Џорџ добиле 813 милиони долари поради болестите кои ги добивале како последица на радијацијата. Ја имаа таа „среќа“ што нивниот град беше на патот на ветерот кој доаѓаше од местата за нуклерани тестирања во Невада.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат