ВИДЕО: Пензиски реформи во Франција, адвокатите штрајкуваат

Од:

После РАТП (регионалната железница во Париз и парискиот регион) во петокот, неколку професии, особено адвокатите „кои не се навикнати на протести“, ќе излезат на улица попладнево, за да го одбранат нивниот„автономен пензиски систем“ против „универзалниот систем“ што го посакува извршната власт. Покрај нив се очекуваат протести и на другите незадоволни професии од реформата на пензискиот систем, како лекарите, пилотите, стјуардесите и стјуардите.

–За прв пат во социјалната историја на оваа земја, адвокатите, здравствените работници и вработените во воздушниот сообраќај заедно ќе маршираат за да го осудат проектот за фаќање без предупредување на нивните автономни пензиски сисетми“, беше иостакнато во весникот Журнал ду Диманш од колективот „СОС Пензии“, создаден од овие професии.

Во првите редови на мобилизацијата, Националниот совет на адвокатите, кој повика на митинг пред Операта во Париз, пред поаѓање на поворката на адвокатите кон плоштадот на Нацијата, Советот очекува „исклучително силна мобилизација“ на адвокатите против реформа која ја бара Емануел Макрон. Овој настан беше проследен со штрајк на сослушувањата што изгледа дека е многу следен, при што скоро сите 164 француски градски адвокатски комори се „мобилизирани“ според Конференцијата на адвокатските комори. Скоро насекаде, адвокатите решија да не бранат ниту еден случај и да побараат одлагање на предметите.

Исто така, нема да има адвокати по службена должност, бесплатни консултации или дежурства за кривични случаи. Единствен исклучок се парниците за судиите за слобода (полициски притвор, притвор …).

„Универзалниот систем“ според сите овие професии ќе резултира со нагло зголемување на придонесите „што многумина од нас не можат да го поддржат“, велат адвокатите. Оваа реформа, исто така, ќе доведе до исчезнување на Националната адвокатска пензиска каса (CNBF) и нејзините 2 милијарди евра финансиски резерви.

Овие стравувања ги споделуваат другите членови на колективниот „СОС Пензии“: авио-пилотските синдикати, и повеќе организации на доктори, медицински сестри и физиотерапевти.

За да го контролира незадоволството, премиерот Едуард Филип му наложи на Високиот комесар Жан-Пол Делевој да се сретне „до 15 октомври“ со претставниците на 42 различни пензиски режими што требаше да бидат изгаснати, и да „изготви попис“ и „даде распоред за работа”. „Постојат решенија за секоја од професиите“, со „времиња на транзиција прилагодени на секој случај“, вели Високиот комесар, кој сака да ги „отстрани неоправданите грижи“.

Во исто време, консултациите со синдикатите и работодавците, започнати пред скоро 2 години, ќе продолжат „до декември“ за да се обидат да најдат договор за возраста за заминување во пензија или времетраењето на придонесите.

Сите овие дискусии треба да доведат до предлог-закон што ќе биде усвоен „до следното лето“, според премиерот Едуард Филип. Во меѓувреме, дијалогот ќе помине и низ француските улици со највени синдикални протести од повеќе синдикални организации.

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики

Франција абортусот го прогласи за уставно право

(ВИДЕО) Неколку лица се уапсени по судирите меѓу земјоделците и полицијата на саемот во Париз

Горан Наумовски