(ВИДЕО) Пентагон: Снимките на НЛО од 2019 година се автентични

Од:

Министерството за одбрана на САД потврди дека протечените фотографии и видеа од „неидентификувани летечки објекти“, направени во 2019 година, се веродостојни и автентични снимки.

– Фотографиите и видеата на објектите во форма на триаголник како треперат и се движат низ облаците ги снимил персоналот на Морнарицата, изјави за Си-Ен-Ен гласноговорничката на Пентагон, Сју Гоф.

Истрагата е почната, но повеќе информации нема да бидат дадени од безбедносни причини, како што соопшти Пентагон. Фотографиите и видеата на морнарицата беа објавени од интернет-страниците „Мистери вејр“ и „Екстраординари билифс“ минатата недела, но кружат на интернет од лани.

„Последниве години, имаше голем број известувања за неовластени и / или неидентификувани летечки објекти, влегувања во разни военоконтролирани полигони и назначен воздушен простор“, соопшти морнарицата во 2019 година.

Пентагон лани објави три видеа на коишто се гледаат НЛО-а, а американската Морнарица потврди дека видеата се вистински.

Би можело да ве интересира

Пентагон: Ако Украина остане без американска помош, ќе мора да направи избор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Досијеа икс“ на француски начин: научници го објаснуваат феноменот НЛО

Катерина Ѓуровски

Пентагон: Дрон од Иран погоди танкер во Индискиот Океан

Волстрит журнал: САД призна дека на Пентагон му снемуваат пари за вооружување на Киев

Горан Наумовски

Вонземјани го киднапираа мојот дедо: Легендата на УФЦ верува во живот на други планети

Предраг Петровиќ

Пентагон: Спречен е поширок конфликт во регионот